Оваа жена бара развод затоа што нејзиниот сопруг бил премногу добар: „Ми купува подароци и не се кара со мене“
Некоја жена од Арапските Емирати побарала развод од својот сопруг поради преголема љубов, грижа и внимание кој што тој ѝ ги давал.
Сопругот на својата сопруга ѝ помагал околу домашните работи, готвел, чистел, но сето тоа на жената почнало да ја гуши па затоа решила да се разведат. Ваков сопруг би посакала секоја жена, но изгледа на оваа жена тоа ѝ било премногу.
Таа на суд изјавила дека дека нејзиниот сопруг никогаш не се карал со неа ниту пак го повишил гласот.
„Никогаш не го повишил тонот на мене ниту пак ме одбил за нешто. Чувствував дека неговата преголема љубов ме гуши. Дури и ми помагаше околу чистењето на домот“ – изјавила жената.
Таа објаснила дека животот ѝ се претворил во пекол поради неговата претерана љубезност.
„Очекував некогаш да се искараме, но со мојот романтичен сопруг тоа не беше возможно. Тој секогаш ми простуваше и ќе ме опсипуваше со подарци“ – изјавила.
Мажот смета дека не направил ништо лошо: „Сакав да бидам совршен и внимателен маж“ – изјавил тој.
Таа некогаш му замерила дека се здебелил па тој почнал со диета и вежбање за повторно да изгледа добро.
Мажот на крајот побарал од судот да ја советува неговата жена да се откаже од разводот, а судот го одложил случајот и на сопружниците им дале шанса за евентуално смирување.