(Видео)Пукал во лебеди со воздушна пушка
Полицијата го бара напаѓачот кој пукал кон лебед, откако несреќното животно било пронајдено покриено со крв откако му било пукано во вратот со воздушна пушка.
Полицијата во јужен Лондон пронајде повреден бел лебед со повреди на вратот во близина на езерото Саутмер кај Темсмед.
Тие рекоа дека рана од дијабола е пронајдена на десната страна од главата на лебедот и ги повика посетителите да бидат свесни за инцидентот кога ќе го посетат паркот Саутмер.
Некои лебеди на бреговите на Темза се во сопственост на круната и се заштитени со посебен указ. Сите диви птици се заштитени со закон и незаконско и казниво е да се убиваат.https://www.youtube.com/embed/1PM9v_QHs2A?feature=oembed
Полицијата на Гринич апелира до секој што знае нешто повеќе за инцидентот да им помогне да го најдат лицето одговорно за инцидентот што се случил вчера.