Груевски не ги признава изборите и бара нови предвремени парламентарни избори
Никола Груевски вечерва на прес-конференција рече дека ВМРО-ДПМНЕ не ги признава изборните резултати и побара нови предвремени парламентарни избори .
Тој постави седум услови: организирање на предвремени парламентарни избори согласно пржинскиот договор кои ќе бидат организирани од техничка влада, смена на директорот на Агенцијата за аудио визуелни и медиумски услуги, оставка на претседателот на ДИК, а и двете институции да ги водат кадри по предлог на опозицијата, истрага за наводите за нелегално прислушување од УБК на функционери од ВМРО-ДПМНЕ, завршување на случајот Поткуп во кој е осомничен претседателот на СДСМ Зоран Заев, формирање на Специјално јавно обвинителство кое ќе ги истражува изборите во 2016 година и во 2017 година и итно ослободување на лицата што се во притвор и прекинување на истрагите за крвавите настани на 27 април во Собранието.
„Ајде да видиме кој е за демократија, правда и слобода, кој е силен, а кој не е силен, кој е во право, а кој не е. Ако Заев има барем минимум човечко достоинство треба веднаш и без одлагање да ги прифати сите овие седум точки “ рече Груевски.