Починатиот црнец и полицаецот уапсен поради неговото убиство работеле во ист ноќен клуб

loading...

Џорџ Флојд, Афроамериканецот чија смрт во поднеделникот предизвика насилни протести низ САД, и Дерек Чавин, полицаецот уапсен за неговото убиство, работеле во ист ноќен клуб во близина на Минеаполис.

Ова за американските медиуми го потврди поранешната сопственичка на клубот, велејќи дека двајцата работеле заедно цела година и дека постои можност нивните смени да се преклопувале. Станува збор за клубот „Ел Нуево Родео“ во сопственост на Маја Сантамарија. Сопственичката не сакала директно да потврди дека Флојд и Чавин се познавале, но рече дека постои можност за тоа.

Чавин работел во обезбедувањето на клубот како полицаец вон должност скоро 18 години, додека Флојд работел таму скоро една година, изјавила Сантамарија за „Еј-би-си 5“. Тој исто така работел како дел од обезбедувањето на ноќниот клуб.

Сепак, Сантамарија посочува дека не е сигурна дали тие се познавале бидејќи Чавин работел надвор од просториите на клубот, додека чуварите како Флојд работеле внатре, но таа потврди дека и двајцата работеле во „Ел Нуево Родео“ во текот на цела 2019 година.

„Ако се сретнале, веројатно не се паметат. Делумно затоа што како обезбедување работеа десетина луѓе, особено кога имаше поголеми концерти“, рекла Сантамарија.

„Чавин понекогаш постапуваше нервозно и без многу трпение“, додала Сантамарија за „Еј-би-си 5“, нагласувајќи:

„Тој изгледаше испаничено кога имаше кавги и проблеми. Секогаш таквите работи ги решаваше со солзавец, дури и кога тоа не беше потребно“, рекла таа.

Translate »