Заев го повика ВМРО-ДПМНЕ да ги признае изборите
Премиерот Заев ја повика ВМРО-ДПМНЕ да ги признае изборните резултати и да ги стави интересите на граѓаните пред партиските интереси.
„СДСМ освои победа во голем број на општини. А тоа се две важни пораки од граѓаните: прво, дека се движиме во вистински правец кон правична и економски просперитетна Македонија одлучна да стане дел од ЕУ и НАТО и второ дека најголема одговорност за остварување на овие цели е на СДСМ и нашите колаициони партнери“, рече Заев на вечерашната прес конференција.
“Јас го разбирам чувството на поразениот. Затоа барам одговорност и да згаснат еуфориите. Мора да работиме сите за интересите на граѓаните. Што се донесува до вонредните парламентарни избори уште сега се знаат резултатите, истакна Заев.
Тој додаде дека вонредни избори може да има само доколку падне мнозинството во парламентот, а според него тоа може само да расте.
Тој апелираше до раководството на ВМРО да се однесува како одговорен политички субјект.