Таравари победи во Гостивар, Арифи во Тетово, а Мерко во Струга

 

Кандидатот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари според првичните резултати од ДИК е новиот градоначалник на општина Гостивар.

Во Тетово победа прогласи досегашната градоначалничка Теута Арифи,  а во Струга на  градоначалничката функција  се враќа кандидатот на ДУИ Рамиз Мерко.

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Селa рече дека не ги признава резултатите од вториот круг на локалните избори во Струга, а за  неуспехот на изборите тој го обвини лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Села истакна дека изборите биле нерегуларни,  но дека доказите од изборни прекршувања не може да ги достави до институциите затоа што се узурпирани. На Ахмети му порача дека ќе се видат на парламентарните избори.

 

Translate »