Се огласи наследникот на Ангела Меркел: Лашет прати моќна порака, дојде и првото ветување
Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел денеска го избра Лашет за нов шеф на партијата.
Новоизбраниот лидер на ЦДУ, Армин Лашет ветил дека ќе води дијалог со сите демократски партии во земјата и порачал дека е неопходно демократите да работат заедно во денешно време.
“Посебно во овие денови кои ги доживуваме во светот, фразата единство, правда и слобода е поактуелна од било кога претходно”, рекол Лашет алудирајќи на зборовите од една строфа од германската химна, пренесува “Reuters”.https://platform.twitter.com/embed/index.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-0&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1350391443928608770&lang=en&origin=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F365449%2Fse-oglasi-naslednikot-na-angela-merkel-laset-prati-mokna-poraka-dojde-i-prvoto-vetuvanje&theme=light&widgetsVersion=ed20a2b%3A1601588405575&width=550px
Тој повикал на заедничка борба за овие начела против сите оние кои, како што навел, сакаат да ги загрозат.
Христијанско-демократската унија на на германската канцеларка Ангела Меркел денеска го избрала Лашет за нов шеф на партијата.