Генералниот секретар на НАТО следната недела во Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, в среда и четврток (17 и 18 јануари) ќе престојува во дводневна посета на Македонија, соопштија од Владата. За време на посетата Столтенберг ќе се сретне со државниот врв, со министри, како и со некои од претседателите на политичките партии.

Предвидено е Столтенберг в четврток попладне да има заедничка прес конференција со премиерот Зоран Заев.

Translate »