Кој е папата Фрањо? Работи кои ги кажал, и по кои ќе биде запаметен!

За папата Франциск велат дека е скромен човек, но секогаш насмеан и подготвен да разговара и да им помогне на сите. Едноставно, папата е народен човек. Следат неколку негови позначајни изјави и ставови, кои изминативе години предизвикаа големо внимание.

1. Папата Френсис до верниците: Атеистите кои прават добри работи, се искупени, а не само католиците.

Папата Френсис ги разниша главите на верниците и атеистите, за време на проповед во РИМ во која го повтори познатото од Евангелието на Марко – сите можат да се искупат правејќи добро, вклучувајќи ги и атеистите.

2. Дали Меси е бог?

„Во теорија, да се зборува дека Меси е Бог е богохулење. Не можете да кажувате такви работи, бидејќи тие не се вистинити. Луѓето можат да говорат дека го сакаат Меси, дека тој е бог на фудбалскиот терен, тоа се народни изрази, жаргони, но да се обожава може само Бог и се освен тоа е богохулење“, порача Папата Фрањо за телевизијата „Ла Секста“.

3. Им ги бакна нозете на завојуваните водачи во Судан!

Папата Фрањо клекна и им ги бакна нозете на водачите на Јужен Судан кои претходно меѓусебе војувале и ги повика да не и се вратат на граѓанската војна. Во таа прилика на сите им кажал да го почитуваат примирјето кое го потпишале и да се посветат на формирање влада на национално единство.

4. Еден од  најгласните миротворци, кој е против нуклеарното вооружување.

5.  Папата Фрањо им дозволи на свештениците да простуваат абортус. Папата нагласи дека „абортусот е сериозен грев со тоа што се става крај на невин живот“, но, додаде дека „ нема грев кој господовото милосрдие не може да го избрише, ако покајникот бара да се обедини со Господ“.

6. Папата Франциско прв се огласи дека забошотувањето на сексуалните злоставувања во католичката црква претставува најголем скандал, кој заслужува најостра осуда.

7. Верниците да го заборават материјализмот и алчноста и да се фокусираат на едноставноста, љубовта и милоста на празниците.

Посетата на папата Франциско на 7 мај, кој истовремено е и државник, за власта е и порака од политички аспект.

– Самата посета е и порака – вели државниот секретар во МНР, Виктор Димовски, за кого тоа е крупна порака бидејќи се случува во период кога државата ги затворила проблематичните прашања и со крупни чекори гази по евроатлантските интеграции.

Translate »