Oд корона почина 12 годишно девојче во Белгија

Девојче на возраст од 12 години почина во Белгија на „Ковид-19“. 

Ова е прво дете починато од  коронавирус во Европа, соопштија кризните служби.

Оваа вести ги вознемири лекарите. 

Во Белгија, со население од 11,4 милиони, вкупниот број заразени лица денеска изнесува  12.775. Хоспитализирани се 4920 лица, од кои 1021 се на интензивна нега.

Претходно, во Париз, Франција од корона вирус почина 16-годшна девојка Жули А., а нејзината мајка Сабине за France24 раскажа дека се случило многу брзо откако почнала да кашла. Таа се обидела да ги ублажи симптомите со чај, сируп и со инхалации.

Во САД пак почина бебе од коронавирусот. 

Translate »