Се финализира полската болница во Скопје
Полската болница за заболените од корона-вирусот се мести во Скопје во близина на Клиниката за инфектологија.
„Меѓуинституционалната соработка вроди со плод. На крај сме со поставувањето на полската болница во кругот на Клинички центар. За неполни 7 дена !!! Град Скопје, Министерство за здравство, Министерство за одбрана, институции со светски стандарди на исполнителност !!! Благодарност до вработените“, објави градоначаникот Петре Шилегов.
Повеќе институции учествуваа во подигнување на мобилната болница која ќе има капацитет до 130 кревети. Болницата ќе биде функционална од текот на следата недела.