Уште една земја на работ на граѓанска војна: Демонстранти упаднаа во парламентот!
Демонстрантите кои ги оспоруваат резултатите на парламентарните избори во Киргистан, а каде што доминираат сите партии на претседателот, упаднаа во зградата на парламентот и владата после повеќечасовните борби со полицијата.
Поддржувачите на неколку партии кои според прелиминарните резултати од изборите не освоија ниту едно место во парламентот на Киргистан, синоќа се собраа на централниот плоштад во Бишкек, обвинувајќи за изборна измама.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, во жестоките судири со полицијата кои му претходеле на упадот во парламентот биле повредени 590 лица, од кои 150 се хоспитализирани.https://www.youtube.com/embed/mIVvGN7N0j4
Полицијата употребила солзавец и шок бомби за да растера неколку стотици демонстранти кои се собрале во централен Бишкек, а во судирите бил повреден и еден од лидерите на опозицијата, Јанар Акајев.
Полицијата доцна во ноќта успеала да ги растера демонстрантите, но тие се вратиле неколку часа подоцна и упаднале во зградата на парламентот, а потоа и во седиштето на Комитетот за национална безбедност каде го ослободиле поранешниот претседател Алмазбек Атамбајев кој беше осуден на долгогодишна затворска казна поради корупција.https://www.youtube.com/embed/sdOlJ6niwx0
Демонстрантите исто така го ослободиле од затвор и поранешниот премиер Сапар Исаков кој беше на чело на киргистанската влада во периодот од 2017-та до 2018-та година.
Опозициските демонстранти зазедоа повеќе згради, меѓу кои и седиштето на градоначалникот на Бишкек и именуваа вршител на должноста шеф на национална безбедност, државен обвинител и командант на главниот град.https://www.youtube.com/embed/3qzJdNN-mjg
Во оваа земја со популација од 6,5 милиони луѓе често доаѓа до политичка нестабилност. Во последните 15 години двајца претседатели се симнати од власт преку немири, а третиот заврши во затвор откако имаше „несогласувања“ со својот наследник.