Таблите на кои пишуваше дека античките кралеви и херои се Хелени не издржаа ни 24 часа…
Новите метални табли кои што беа поставени пред некои од спомениците од проектот „Скопје 2014“, се ичкртани со црвен спреј.
Владата на Македонија синоќа постави табла пред секој споменик од античките кралеви и херои на мостот „Око“ во центарот на Скопје.
Станува збор за личности кои според Договорот од Преспа „ѝ припаднаа на Грција“, а на Македонија ѝ беше наложено да се огради од тоа дека се македонски историски личности.
Кралевите од Античка Македонија, како Пердика I, Архелај I, Аминка III, Александар II, Филип III и други, добија „контроверзни табли“, а тоа кај македонскиот народ очигледно дека родило револт.
Денеска може да се забележи дека сите табли се ичкртани со црвена боја.