Двајца автори преку заеднички слики праќаат пораки за зачувување на животната средина!
Емилија и Стојче Тоциновски се наши ликовни творци кои заемно творат на исто платно создавајќи свој свет.
Како фрлена боја на платно ја сликаат земјата, ја овековечуваат природата и ја сликаат како што ја замислуваат во нивните креативни умови. Нивните дела се работени со многу љубов, ги карактеризира топлина, лесни и чисти, дела со одмерени и рафинирани потези на педантна изработка. Имаат интензивен, впечатлив хроматски усогласен колорит, внимателно бирани нијанси за да се воспостави спој помеѓу боите благодарение на нивното извонредно чувство. Водени од мотиви со нагласена поетска симболика на модерен ликовен израз.
Нивната колекција на слики под наслов “Чудна шума III” е апел за зачувување на природата која е нашето белодробно крило. Тие со своите дела не повикуваат да ја регулираме глобалната клима, да ја заштитиме и да и го вратиме здравјето, за да можеме самите да се спасиме. Да ја зачуваме природата преку иновации, наука и уметност.
Емилија и Стојче учествувале на бројни регионални и локални уметнички колонии. Креативци кои со својата ненаметливост и скромност насекаде предизвикуваат интерес. Повеќе нивни слики на https://www.facebook.com/photo/?fbid=10224110140811873&set=pob.1550872934