Ивелина Рускова-Прецизната натална карта може да ви помогне да ги надминете тешките моменти

 

Ивелина Рускова од неодамна е стручен соработник на Radar.mk за астролошки предвидувања и прогнози. Таа е професионален астролог, обучен во” Aстро центар Ураниум ” при Московската академија за астрологија. Експерт е во правење натални карти. Живее и работи во Софија. Во интервјуто  ни открива како со помош на  астролoгијата и самата надминала тежок период во  својот живот.

 

Од каде вашиот интерес за астрологијата и колку време се занимавате со неа?

-Се заинтересирав за  астрологијата во многу тежок момент во мојот живот, кога минував низ една етапа на трансформација. Многу сакав да станам мајка. Сакав да си имаме детенце со мојот сопруг,  но тоа не се случуваше. Тогаш за прв пат,  во таа безнадежност,  се сретнав со АСТРОЛОГИЈАТА.  За неа ништо не знаев,  освен она  што го читав по списанијата. Дури би рекла дека и не верував во астрологијата , но минував низ  тежок период  и затоа се свртев кон неа. Тоа беше многу важен момент за мене – тогаш ми се појави  интересот за астрологијата и таа  со време стана моја голема љубов.

Астрологот кој го посетив толку добро ме погоди  и ми ја разоткри целата моја  душа што  не можев да поверувам  како планетите можат да дадат толку точни карактеристики  и  така прецизно  да ги посочат важните периоди од мојот живот.. Просто занемев и така почна мојот интерес кон таа необична ѕвездена наука.

Астрологијата  ми го посочи патот како успешно и полесно да поминам низ тој тежок  период . И така, по  неколку месеци  на свет дојдоа нашите близначки.

Ивелина Рускова со близначките

Тоа ме мотивираше посериозно да и се посветам на астрологијата.  Почнав професионално да ја изучувам оваа наука во “”Московската академија за астрологија-Русијa”, со филијала во Софија-Астро центар Уранија. Таму ги добив неопходните знаења и станав дипломиран астролог.

2. Позната сте по прецизните натални карти. Некои твои клиенти од Македонија ни се доверија  дека  сте им помогнале во решавање на личните проблеми. На кој принцип ги правите наталните карти?

-Личната астролошка карта т.н. натална карта е поврзана  со положбата на планетите во моментот на нашето раѓање и ни го открива нашиот потенцијал. Настаните кои ни се случуваат , како и изборите кои ги правиме, се одредени токму тогаш. Од таа гледна точка може да се каже дека наталната карта ни ги одредува целите во животот и  е еден вид патна карта. Таа ни покажува   нашите силни  страни, заложби  и таленти, но и  слабостите, стравовите и проблематичните зони. Ни го определува карактерот и oднесување и како ќе реагираме во секојдневни и кризни ситуации.  Наталната астрологија ни ја покажува нашата суштина, какви сме и кон што тежнееме, каде се стремиме и што бараме. Ни ги одредува односите со децата, блиските, роднините, родителите, партнерите, пријателите, колегите и шефовите, и како тие односи ќе се развиваат. Таа ни ја одредува и професионалната ориентација, предодреденоста за опеделени болести, емоционалните врски, бракот и децата, како и односите со родителите.

Астролот е проводник на енергијата на Вселената. Тој не може и не смее на  човекот да му ја одземе вербата или да го лиши од надежи, туку треба да му покаже кога е најсоодветниот и најповолен момент за некое случување. Разликата меѓу астрологијата и психологијата е во тоа што астрологијата е поврзана  со временски  рок додека во психологијата го нема тоа.

Кога астрологот ќе почне да ви зборува за вашиот  живот и да ви го опишува , а притоа не ве познава лично, малку ќе ве вознемири. Ќе сфатите дека астрологијата знае многу повеќе за вас отколку што самите знаете за себе. На површина ќе излезат и темните страни кои ги потиснувате и не сакате ни да се  сеќавате на нив. Тоа ќе ви помогне да се спознаете себеси подобро, но и луѓето околу вас така што  полесно ќе ја прифатите реалноста.

Астрологијата ни озвозможува да правиме астролошки предвидувања, т.е. да погледнеме до некој степен во иднината. Тоа може да биде начин да ги насочиме нашите животи во одреден правец, да ги развиеме нашите потенцијални таленти и предности. Секој има слободна волја која му овозможува да прави свои  избори и така да го гради својот живот, притоа носејќи ја целосно одговорноста за она што го прави. Секако, има и ситуации кои ќе ни се случат независно од нашата волја…Тоа според едни е судбина, а според други  карма и….Благодарение на наталната карта ние можеме да се подготвиме за таквите моменти и полесно да ги прифатиме.

3. За Radar.mk изработувате и дневни астролошки прогнози.  На што се темелат тие?

-Дневните предвидувања се општи. Целта тука е да се дадат информации за енергијата на денот. Тоа го правам  врз основа на лунарниот  ден  и во кој астролошки знак е месечината  за важните  и силни аспекти на планетите. Благодарение на тоа, можеме да видиме како енергијата, во секој етапа на денот , може да влијае на нас, како  ќе се чувствуваме, како ќе реагираме, на што ќе бидеме поранливи  и  како енергијата ќе влија на некои органи во нашето тело . Секако, оваа дневна прогоза не може да се однесува за сите,  бидејќи само поединечен хороскоп дава целосна и јасна карактеризација за тоа како дадениот период и момент може да влијаат на вас. Само личната астролошка карта дава точни информации за некоја личност!

 

 

 

2 thoughts on “Ивелина Рускова-Прецизната натална карта може да ви помогне да ги надминете тешките моменти

  • 16/10/2017 at 12:06 pm
    Permalink

    bi sakala natalna karta pozdrav blagodaram

    • 16/10/2017 at 8:29 pm
      Permalink

      за да добиете натална карта од Ивелина Рускова ве молиме да контактирате со неа на телефонот или мејлот кој е ставен под нејзините дневни астролошки прогнози на нашиот портал. Имајте пријатен ден.

Comments are closed.

Translate »