Прошталната порака на Кејт Спејд: Беа, ти не си виновна. Прашај го тато!
Американската креаторка Кејт Спејд си го одзеде животот на 55 годишна возраст. Нејзиното тело, обесено на марама, го пронашла куќната помошничка во утринските часови. Таа оставила и проштално писмо до својата 13 годишна ќерка во кое стои: Беа, отекогаш сум те сакала. Ова не е твоја вина. Прашај го тато!
Медиумите пренесуваат дека Кејт и нејзиниот сопруг Енди имале проблеми во бракот и дека тој планирал да се исели од станот.
Полицијата потврди дека во моментот на самоубиство, тој бил во деветособниот стан во Њујорк, а нејзината ќерка била на училиште.
Кејт и Енди го лансирале својот моден бизнис во 1993 година.