Таткото пукал во родителите на 12-годишникот за кој постојат сомнежи дека му го силувал синот
49 годишниот З.Г откако дознал дека неговиот шестгодишен син бил силуван од 12 годишно момче, отишол во станот на неговите родители К.Ј. и С. Ј. во Нов Белград и ги изрешетал со пиштол.
Повредената брачна двојка веднаш била пренесена во болница, а напаѓачот бил уапсен.
Весникот Блиц дознава дека лекарските прегледи потврдиле оти детето било жртва на сексуален напад.
Според првичните информации, момчето (6) му се пожалило на таткото дека постариот другар му ги соблекол панталоните на игралиштето и дека го повредил, по што З.Г. отишол проблемот да го разреши со родителите на другото момче.
Расправијата завршила крваво. З.Г. пукал и во бабата на момчето , ама не успеал да ја погоди. 12 годишното дете било присутно во станот за време на престрелката и било сведок на ранувањето на родителите.