Весна Трифунова-фризерството преставува сплет од наука и уметност каде што мора да го вложиме максимумот од себе си

Разговор со Весна трифунова- Студио АКТ Кисела вода

1.Како до успехот?

-Правилна формула за успех нема,но едно е сигурно се додека работата не ја чуствуваме како работа-успехот е загарантиран.

2.Да се има многуг годишно искуство во фризерството….?

-Ова е професија која секојдневно акумулирате нови и најразлични искуства.Иако во оваа професија сум повеќе од 20г. , секој нов ден секоја следна клиентка за мене преставува нов предизвик.
– фризерството преставува сплет од наука и уметност каде што мора да го вложиме максимумот од себе си.Потребно е да имате цврст темел односно база во оваа професија за да можете да чекорите понатаму , односно да ги следите сите трендови и новини и воедно да се надградувате како фризер, на ваков начин успеваме сите овие години да акумулираме искуство , вештини и знаење.


3.Како од сегашен аспект гледате на оваа работа?

-Во денешно време се е поразлично па така и нашата работа.Секој период си има свои предности и маани.Конкретно од сегашен аспект ние како фризери имаме многу повеќе предности и бенифиции од аспект на работата ,пр.имаме голем избор на производи за работа , социјалните медиуми ни овозможуваат лесна комуникација и размена на искуства со колегите од странство , имаме лесно достапни информации за сите светски достигнувања во нашата професија и сл.


4.Што е пресудно да се работи кога знаеме дека има огромна кпнкуренција?

Ако во една професија нема доволно конкуренција тоа значи дека би немало напредог односно прогрес и континуитет во работата.Конкуренцијата е таа што не води сите нас , што ни дава мотив и желба за личен и понатамошен напредок во работата.
-За да опстанеме на пазарот пресудни се неколку работи :да го задржиме квалитетот во континуитет , да понудиме секој пат нешто ново и различно на клиентите и да го задржиме личниот имиџ во работата пропратен со моменталниот тренд .


5.Кога станува збор за правилна нега на коса што вие и препорачувате на една жена?

Едно правило за сите жени непостои.Секоја коса е различна , па според квалитетот и густината на влакното секоја жена би добила различна препорака.Конкретно кај нас во салон за тенка и оштетена коса го препорачуваме третманот со хијуларонска киселина од брендот ИМЕЛ. Додека пак за густа коса и коса без сјаај го препорачуваме третманот од макадамија (имел)кој на косата и дава свиленкаст изглед.За коса која е подложна на опаѓање , препорачуваме нега на скалпот со спезијализирани амули за против опаѓање на косата.
-Најважно од се е , да правиме вистински избор при купување на препаратите за нега и заштита на косата.

Translate »