Избричи ги нозете или ќе те убиеме
Шведската манекенка Арвида Бистром (26) поради рекламата за патиките “Адидас” постојано добива закани со смрт и силување. Во рекламата никој не се навредува, но она што им пречи се нејзините влакнести нозе.
“Откако ја снимив рекламата , добивам секојднево закани во инбокс. Ме нарекуваат влакнест мајмун , грдотија која никогаш нема да си фати момче”, вели манекенката која крши табуи.
Таа порачува дека стандардите на женственоста зависат од тоа во која култура живееме. ” Секој може да биде женствен и така да се однесува. Мислам дека тоа ги плаши луѓето”, вели Бистром.
Нејзините поддржувачи, пак, велат дека влакната се природна работа од која никој не би требало да се срами.