За сите оние кои се во потрага по фризура за Новогодишната ноќ!

Сакале да си признаеме или не новогодишната треска станува сè посилна и сите чувствуваме притисок да изгледаме најубаво, во периодот пред и за време на “најлудата” ноќ во годината. Во Скопје веќе е традиција неколку дена пред Нова година да се слави по кафулиња, ресторани…на дружби со колеги од работа, или пак со пријателите. И тогаш сите сакаат да изгледаат убаво, впечатливо!

Фризурата секако е многу важна за целосниот изглед и особено за првиот впечаток. Убавата фризура веднаш ги примамува погледите кон лицето и многу кажува за имиџот. Затоа, потребно е да внимавате во изборот на фризура, исто колку и во изборот на облеката.

Како што ја избирате облеката според вашето тело, така за новогодишната ноќ најдобро е да си изберете фризура која одговара на формата на вашето лице и неговите карактеристики. За момент заборавете на модните трендови и фокусирајте се на вашите желби и потреби. Новогодишната ноќ е една од ретките ноќи во кои секој си дозволува да експериментира! Сè е во вашите раце и не треба да се ограничувате.

А, кога станува збор за впечатливост, размислете на пример за нова нијанса на постоечката основна боја која ја имате, независно дали е тоа природна или фарбана боја на коса.

Или па можете да ставите неколку различни нијанси од потемно кон посветло и обратно од посветло кон потемно,  некоја трендовска нијанса или прамен, на пример: розеви, црвени или прамени од мастило боја …..храбро нели!

А, ако пак сега не експериментирате кога!

И нормално најдобро е да се советувате и да се препуштите на професионалното око на стилистот на кој му верувате. Studio Grejs…071 327 049

Уште се мислите? Епа, тогаш и еден директен одговор…за новогодишната ноќ предлагам фризура во стилот на 60 години од минатиот век, како сликите во прилог…. нешто што  џет сетот и модната индустрија полека го инсталираат овој период…

Нека ни се среќни празниците!

Translate »