Победникот на Евросонг откри дека е бисексуалец
Победник на 64. Евросонг е Данкан Лоренс (25), холандскиот претставник, кој го фасцинира светот со песната Arcade. Наградата на музичкиот натпревар, статуа на микрофон, му ја предаде минатогодишната победничка, израелската претставничка Нета Барзилаи (26).
Од последната победа на Холандија на Евровизија поминаа 44 години. Младиот музичар до одлуката да ја претставува Холандија на Евросонг не беше особено познат во својата земја.
Лоренс е роден во Холандија и неговото вистинско име е Данкан де Мур. Дипломирал во 2017 година на Рок-академијата во Тилбург и се натпреварувал во петтата сезона на холандската верзија на The Voice, каде што стигнал до полуфиналето.
На прес-конференцијата пред финалето Лоренс призна дека е бисексуалец.
„Јас сум повеќе од изведувач, јас сум личност, живо суштество, јас сум бисексуалец, јас сум музичар, се залагам за некои работи. Се гордеам што имам шанса да покажам кој сум јас“, објасни Холанѓанецот.
Холандските медиуми објавија дека Данкан разменувал броеви со шведскиот натпреварувач Џон Лундвик, кој доби најмногу поени од жирито на годинешниот Евросонг за да се договорат за евентуална соработка. Тие исто така пишуваат дека Данкан би сакал да оствари соработка со шведскиот победник во 2015 година, кој ја испеа Heroes, Монс Землерлов (32).