Меланија Трамп на вечера во Белата куќа со фустан од 8000 долари
„Заедно, сите ние тагуваме за овие жртви. Заедно се залагаме да ги издигнеме нашите населби од најдлабокиот очај“ – рече Меланија Трамп во нејзиниот говор каде таа го поддржуваше својот сопруг Доналд на официјална вечера на непрофитната организација „White House Historical Association“.

71-годишниот претседател и 47-годишната прва дама на САД ја искористија пригодата за им оддадат почит на настраданите во ураганите Ирма и Харви.
„Меланија буквално блескаше во креација од Моник Лулие додека говореше пред присутните. Светкавиот фустан чини 8.000 долари.

