16-годишната Јулија е најмладата жртва на коронавирусот во Европа: „Почина без речиси никакви симптоми“
За жал, ова 16-годишно девојче починало како последица на опасниот вирус – коронавирусот.
Оваа ученичка од Франција, без посериозна здравствена состојба станала најмладата личност во Европа која што починала од коронавирусот.
Жртвата, Јулија А., имала респираторни проблеми и била во париската болница, откако пред една седмица имала “блага кашлица“.
Нејзината сестра Манон издала предупредување дека Ковид-19 може да ги убие и младите луѓе како и старите врз основа на здравствените проблеми.
Таа ијавила: „Мораме да престанеме да веруваме дека овој вирус ги погодува само постарите луѓе“.
„Никој не е непобедлив на овој мутиран грип. Јулија минатата седмица имаше лесна кашлица. Следеше влошување на состојбата минатиот викенд и во понеделникот отидовме на доктор по општа медицина. Таму ѝ беше дијагностициран респираторен дистрес“.
Манон се согласила да разговара за францускиот весник „Перисиен“ и да објави фотографија од својата сестра, затоа што сакала да ги предупреди сите останати на ризикот од коронавирусот- особено младите.
„Белите дробови се распаднаа. Докторите направија сè што можеа, но беше невозможно да ја спасат. Имавме време да ја видиме, но набрзо мораше да размислуваме за иднината“.