Овчар од c.Подгорци нападнал туристка од Холандија и почнал да ја допира
Холанѓанката која била на возраст од 55 години се шетала во селото Вевчани. Забележала стадо овци и го фотографирала. Овчарот на стадото и рекол ако сака да ја фотографира со овците.
Од полицијата велат дека откако ја сликал туристката тргнала кон своето возило, а тој ја турнал на земја, легнал врз неа и почнал да ја допира по интимните делови од телото.
– Сторителот и се заканил со нож да не дава отпор и продолжил во намерата. Во еден момент оштетената успеала да се оттргне од него и се упатила кон возилото. Сторителот тргнал по неа, ја отворил вратата од совозачката страна и од нејзината чанта извадил паричник од кој одзел околу 2.000 денари, по што заминал во непознат правец – соопштија од полицијата.
Откако нападот бил пријавен, надлежните утврдиле дека станува збор за 29-годишен маж од струшкото село Подгорци. Информираат, дека преземаат мерки за негово пронаоѓање.