Ефтов: Врие во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски не знае да ја менаџира партијата
“Христијан Мицкоски шета по пазари, оди во теретани, се качува на Водно но не го прави тоа што треба да го прави секој лидер на политичка партија, да оди низ општинските комитети. Тој не ги посетува општинските комитети затоа што на 500 луѓе им има ветено дека ќе бидат пратеници, градоначалници, советници. Сега не може да се соочи со тие луѓе. Има проблеми во Прилеп, во Охрид, во Гостивар му се предложени четири кандидати, го има поништено конкурсот за лидер на ВМРО-ДПМНЕ во таа општина, бидејки треба да се пазари со Арбен Таравари…Затоа Мицкоски оди секаде, оди во кафани, се гоштева, но не излегува од Белата Палата затоа што се плаши да ги посети општинските комитети.” – анализира Васко Ефтов во вечерашната емисија “Во Центар“.
Toj потенцира дека во ВМРО-ДПМНЕ врие затоа што според него, Мицкоски не знае да ја менаџира партијата.
“Не е потребен конгрес на 28 март, Христијан Мицкоски и без тој конгрес не може да ја контролира партијата”, вели Ефтов.