Црни прогнози на Бил Гејтс: Уште две катастрофи ќе го погодат светот! (ВИДЕО)

Американскиот милијардер и филантроп Бил Гејтс, по многубројните критики поради предлогот за формирање на глобален систем за спречување на новите пандемии, зборуваше за главните закани на човештвото по искоренувањето на коронавирусот.

Коосновачот на „Microsoft“ во интервју за Јутјуб каналот „Veritasium“ изјави дека станува збор за две главни закани – климатските промени и биотероризмот.

„Една од заканите се климатските промени. Секоја година ќе имаме поголем број на починати отколку што имавме во оваа пандемија“, навел Гејтс.

Според неговите проценки, постои и друга закана за која што никој не сака да зборува јавно.

„Некој кој што сака да нанесе штета би можел да направи вирус, а тоа значи дека шансата да се заразиме со него е многу поголема отколку кај природно предизвиканите епидемии, како моменталната“, изјавил Гејтс.

Милијардерот исто така нагласил дека во иднина ќе има уште пандемии затоа што луѓето стапуваат во интеракција со други видови, а вирусите ги преминуваат бариерите на видовите.

Тој исто така споменал дека луѓето треба да бидат поподготвени за никогаш повеќе да немаме толкав број на мртви луѓе како сега.

Гејтс неодамна предупреди дека светот не е подготвен за следна пандемија, за која што изјави дека би можела да биде десет пати полоша од моменталната со која што се соочуваме и која што веќе однесе 2,2 милиони животи ширум светот и покрена голема економска криза.

Translate »