На германскиот политичар му пукна филмот: Британските политичари се родени во свила, а од Брегзит направија сра*е

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, обвинил 90 проценти од британската влада дека “нема поим како работниците размислуваат, живеат, работат и како се однесуваат”, додека политичарите во Унијата го сметаат хаосот во Вестминстер за корисен аргумент во кампањата за претстојните избори.

На прес-конференцијата на Социјалдемократската партија на Германија во саботата, Михаел Рот се откажал од дипломатскиот бонтон за да го осуди тоа што го нарекол “брегзитовско големо сра*е”. 

Британските политичари, родени во свила, кои оделе во приватни училишта и елитни универзитети се одговорни за безизлезната ситуација во парламентот, но веројатно нема да претрпат директни последици од своите постапки, рекол тој.

“Не знам дали Вилијам Шекспир би можел да смисли ваква трагедија, но кој ќе ја плати сметката?”, се запрашал Рот, министер за Европа во германската влада од 2013-та година.

Минатата недела, Џејкоб Рос-Мог го исмејувал колегите конзервативци во Долниот дом затоа што завршиле државно училиште, кога им рекол дека се “вообичаено многу интелигентни, но многу грешат”.

Претседателот на Европската истражувачка група во британскиот парламент, која собира конзервативци кои се пријавуваат доброволно, а се противи на членство во ЕУ, е на удар на критики откако на Твитер објавил снимка од разговорот, кој го имал со еден од лидерите на германската популистичка партија Алтернатива за Германија.

prezemeno od Tocka.com.mk

Translate »