Норвешката принцеза работела како келнерка и живеела бурен живот со забави на кои се консумирале наркотици
Норвешката јавност не била воодушевена кога норвешкиот престолонаследник Хокон Магнус открил дека се забавува со Мете-Марит Тјесен Хоиби, никој не бил среќен…Оваа врска привлекла голем број на контроверзии и малку кој го разбрал неговиот избор. Можел да ги има сите девојки, а избрал обична жена од народот која со себе влечела не толку убави нишки од минатото.
И покрај скептицизмот од јавноста и негодувањето на околината, Хокон и Мете-Марит по неколку години врска запловиле во брачните води во 2001. година, а со оглед на тоа дека и денес се добар пример за среќна и стабилна заедница – очигледно направиле добра одлука.
Инаку, јавноста ја осудувала симпатичната Мете бидејќи немала кралско потекло, работела како келнерка, веќе имала дете од вонбрачна заедница со осудуван човек, активно посетувала забави и се движела во друштва на кои Норвешка не гледала благонаклонето. Водела прилично развратен и бунтовен живот и била редовен гостин на забавите во Осло на кои се консумирале сите видови на наркотици.
Всушност тоа бил фактот кој за сите бил трн во око – бидејќи самохраните мајки и вонбрачните заедници таму се вообичаена појава, но забавите со дрога насекаде наидувале на остри осуди. Популарноста на кралското семејство нагло паднала, па Мете-Марит неколку дена пред свадбата јавно се извинила за своето скандалозно минато, притоа и плачејќи пред новинарите.
“Мојот бунт од младоста беше многу поизразен отколку кај повеќето други млади луѓе. Поради тоа водев прилично развратнички живот. Ги минувавме границите на тие забави, но тоа искуство скапо го платив. Ми беше потребно многу време да се опоравам од него”, рекла таа, па додала дека ја осудува употребата на дрога.
“Не можам да го вратам времето за да дојдам во ситуација повторно да одлучувам за тоа, но би сакала да можам. Се надевам дека повеќе нема да морам да зборувам за своето минато и дека медиумите ќе ја почитуваат мојата желба”, рекла норвешката принцезата пред цели 17 години.
Од тогаш до денес – работите драстично се промениле. Таа станала примерна сопруга и мајка, а норвешката јавност ја обожува, како и самиот Хокон. Парот “ги купил” Норвежаните со блискоста до обичните луѓе и со тоа што уживаат во сосема просечни работи како скокање со падобранец, одење на плажа, брза храна, рок концерти…
Неодамна на социјалните мрежи се појавиле и фотографии од нивниот одмор во Мексико, на кои јасно се гледа дека брачниот пар и денес е заљубен и многу близок.Tocka.mk