Поцрвене водата во езерото Козјак – Фото

Поцрвене водата во Козјак, кое е најголемото вештачко езеро во Европа. Граѓаните се зачудени од оваа појава, а од ЕЛЕМ за „Макфакс“ велат дека тоа е нормално во овој период од годината.

„Станува збор за алги, кои секоја година во овој период цветаат и се појавуваат. Тоа е природна појава“, појаснуваат од ЕЛЕМ.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање тврдат дека езерото е премногу валкано и поради тоа на 22 април ќе организираат чистење. Според нив, во водите има пластики и остатоци од отпад.

 

 

Translate »