Амазон достигна вредност од 396 милијарди долари
Amazon.com е најголемата светска продавница Amazon во моментов е најголемиот трговски синџир без притоа да поседува ниту една физичка продавница, со продажба пред се преку интернет. Се нарачува се и сешто, најчесто поефтини производи, кои ги гледаме од фотографија.
Компанија која започна со онлајн нарачки на книги, па го прошири асортиманот, за да денес претставува поим за онлај продажба. Amazon е убедливо еден од најатрактивните технолошки гиганти чија вредност на акциите во 2016-та порасна за неверојатни 36%, а вкупната вредност на компанијата е проценета на дури 396 милијарди долари. Предноста на Amazon е што има неограничен асортиман на производи и не зависи од еден вид на индустрија, добавувач, производство или пазар. Amazon е глобална трговска мрежа со многу бенефиции како бесплатна или многу евтина достава, можности за пронаоѓање на многу евтини зделки, како и постојано збогатување на понудата.