„Почнав да зборувам со предмети и да го губам разумот…“: Циципас испрати искрена порака од карантин

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, испрати загрижувачка порака по повеќенеделната самоизолација поради коронавирусот.

Тој е еден од милионите луѓе ширум светот кој што во последниот период се бори со Ковид-19, или со депресија и анксиозност поради затворениот простор.

Овој млад и талентиран Грк, своето искуство го споделил во видео кое што го објавил на социјална мрежа, бидејќи интернетот и телевизијата засега се единствениот поглед во светот на многумина.

„Вакви работи се случуваат кога сте заглавени предолго во карантин, ќе почнете да зборувате со предметите и ќе го изгубите разумот. Доколку се прашувате поради што не сум со моето семејство, се скаравме пред неколку денови и само си заминав“ – изјавил Циципас.

Тој последниот натпревар го одигра во финалето на турнирот во Дубаи каде што ја загуби титулата од Новак Ѓоковиќ.

„Сè уште ги сакам, а навистина се радувам понекогаш кога ќе ги видам, но навистина е стресно сега да бидам со нив. Затоа одлучив да бидам сам“ – додал Циципас, а потоа почнал да зборува за својата телесна тежина и за тоа на што се посветил претходните денови.

„Не знам дури ни да зборувам моментално. Во последниве денови читав книги, се обидувам да се образувам, да откријам нови начини на образување и ова делува како интересен виц и тоа со пивото не е интересен виц, не е , само беше во мојот фрижидер“.

„Се трудам да ја оддржам својата форма, но имам впечаток дека се дебелеам. Тоа е тоа што моментално се случува. Работите не се одвиваат со исто темпо и не изгледаат како претходно. Следните неколку седмици ќе бидат клучни“ – раскажува Циципас.

Translate »