Нимиц во среда доаѓа во Скопје
Медијаторот на Обединетите нации за спорот за името, Метру Нимиц, ќе престојува во дводневна посета во Атина, по што в среда ќе пристигне во Скопје.
Тој ќе ги продолжи разговорите со државниот врв, а на маса повторно ќе го стави иницијалниот пакет за решение на проблемот со уставното име, што претставува спор меѓу Македонија и Грција.
Нимиц се сретна со Заев и Ципрас во Давос, каде беше оптимист дека ќе се најде прифатливо решение.