Мицковски: ВМРО-ДПМНЕ е против промена на уставното име
ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот и промена на уставното име Република Македонија, а тоа е и мој став како Христијан Мицкоски, како и на ВМРО-ДПМНЕ, кое е против промена на идентитетот и нацијата на Република Македонија. Ние како партија сме против секое решение коешто ќе подразбира промена на Уставот и промена на уставното име“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во отвореното студио на МТВ.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ во моментов е надвор од процесот за решавање на спорот со името бидејќи никој не ја поканил да биде дел од процесот, ниту има каква било информација што се случува официјално, ниту неофицијално. Тој вели дека годинава почнала бурно и има доста разговори помеѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас и информации за неформални вечери во Солун, но сето тоа тие го дознаваат од медиумите и затоа не може да говори за овој процес.
„Она што ВМРО-ДПМНЕ го добива како информација од процесот е од конференции, натписи по медиумите, полувистини, а можеби и вистини и не знаеме како да ги квалификуваме, бидејќи немаме реални суштински информации и не сме дел од тој процес“, вели тој.