Одобрена екстрадиција за Грујевски и Бошковски
Судот во Солун ја одобри екстрадицијата за поранешните началници на УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски, пренесува ТВ 24 .
Грујевски и Бошковски во рацете на грчката полиција паднаа на 18 октомври кога се обидоа да заминат со авион за Будимпешта со лажни бугарски пасоши.
И двајцата се гонат од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“.