Четвртите Алпски игри се одиграа во Кисела Вода

Четвртите Алпски игри во соработка со школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ се одиграа во општина Кисела Вода во Скопје, во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“. Таму најмалите ракометари се натпреваруваа во разни дисциплини и за сите следуваа награди од омиленото Алпско млеко. Тимот на Алпско млеко ја препознава потребата за отворено поттикнување на соработка меѓу децата, стимулирајќи социјална интеракција и поттикнувајќи позитивни меѓусебни чувства. Така тие со гордост, веќе по четврти пат се главни спонзори на овој квалитетен проект кој се залага за подобра иднина на дечињата.

„ Се надевам дека нашиот придонес ќе посади никулци во секое дете што ќе култивираат добри играчи што ќе бидат корисни членови на тимовите во кои ќе играат, но и корисни и квалитетни поединци во локалната заедница“ – изјави Горан Ѓоргоноски, директорот на „КМГ Спорт“, организатор на настанот, и координатор на  школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ која е присутна во 10 града низ земјава  во 16 различни основни училишта,  и која вклучува над 1000 деца на различна возраст.

Мисијата на Алпско млеко е преку забава да ги едуцира и да ги охрабри децата што сакаат да се занимаваат со овој спорт да посегнуваат по здрави продукти и да креираат позитивни прехрамбени навики, што подоцна во животот ќе им обезбедат добро општо здравје, висок енергетски биланс, но и препорачана телесна тежина. Квалитетните продукти во хармонија со природата се клуч за здрав појадок, а млекото и млечните производи се најважни представници на таа моќна дружина. Нутритивно, се работи за намирници со импресивен состав, што се издвојуваат по своите протеини и се значаен извор на калциум неопходен за здравјето на коските, кое е особено важно за спортски ангажирани поединци.

Погледнете дел од атмосферата.

Translate »