Истражување: 67% од Грците се против сложено име со терминот Македонија

Ρечиси седум од десет Грци не се согласуваат терминот Македонија да биде вклучен во името, јави дописникот на МИА од Атина.

Според истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Марк“ за грчкиот весник „Прото тема“, 68 отсто од испитаниците одговараат негативно на прашањето дали Грција треба да се согласи за сложено име со терминот Македонија. Позитивен одговор, дале само 23.6 проценти од анкетираните .

-Не го сака грчкото општество, од Еврос до Крит, ниту пак поддржувачите на СИРИЗА (64 отсто). 68 отсто НЕ за име со Македонија, пишува неделникот „Прото тема“ на насловната страна, во однос на спроведената анкета.

Од оние кои одговориле негативно на прашањето за терминот Македонија, според резултатите, 63.8 отсто се гласачи на владејачката СИРИЗА, а слична е климата и кај оние кои на изборите во 2015 гласале за опозициската Нова демократија, 67 отсто се против зборот „Македонија“.

Translate »