Видео: Се сруши хеликоптер во Њујорк

Хеликоптер синоќа се сруши во реката Хадсон, недалеку од Менхетн во Њујорк, а пилотот без посериозни повреди од делумно потопеното летало успеал да излезе и да стигне до копно.

Пилотот бил единственото лице кое што се наоѓало во леталото и тој бил спасен благодарение на брзата реакција на њујоршката полиција и спасувачките служби.

На видео снимката која ја направил случаен минувач може да се види како во еден момент пилотот ја губи контролата над хеликоптерот кој потоа се срушува во водата на реката Хадсон. Претставник на хелиодромот изјавил дека пилотот извел принудно слетување, но дека го промашил хелиодромот за неколку метри и се срушил во реката.

Translate »