Хемороидите не се нималку пријатни! Постои природен начин брзо да се реши овој здравствен проблем

Колку поотворено и почесто разговараме за нашите здравствени проблеми, толку полесно и побрзо можеме да си помогнеме. Денес не би требало да има табуа, или нешто од што би се срамеле, посебно ако станува збор за хемороиди.  Проблем кој подеднаво ги погодува и мажите и жените а создава секојдневни непријатности.

Хемороидите се вообичаено предизвикани од: зголемениот притисок на дигестивниот систем, бременост, преголема телесна тежина или поголеми напрегања при празнење на дебелото црево. По педесетата година, хемороидите можат да станат контиунуиран проблем. Во тој период од животот дури половина од населението веќе ги има искусено типичните симптоми на хемороидите, вклучително ректална болка, чешање, крварење, па дури во краен случај и пролапс (излегување на хемороидите низ аналниот канал).

Иако многу ретко хемороидите се сериозно опасни, проблемите со нив можат  да се повторуваат и да бидат доста болни, со што сериозно се нарушува квалитетот на живот. Појавата е позачестена над 50-годишна возраст, бидејќи сврзното ткиво на крвните садови во правото црево и аналниот отвор со текот на годините старее и ја губи својата еластичност. Тие се честа појава и во текот на бременоста, но тоа не се поврзува со губење на еластицитетот на крвните садови.

Непријатното чувство во пределот на анусот кое вклучува болка, силно пецкање, чешање и крвавење го сигнализира присуството на хемороиди, кои никако не смеат да се игнорираат. Најчесто хемороидите се предизвикани од хронична констипација или запек и она што е поврзано со ваквата состојба: големи напрегања при празнење на цревата и предолго седење во тоалет. И двете причини се поврзани со нарушениот проток на крв кон и од крајниот дел од дигестивниот тракт, каде што и се наоѓаат хемороидите.

Како да си помогнеме во третманот на хемороидите?

За почеток со зголемување на исхрана преку растителни влака (свежа, полнозрнеста храна, мешунки итн) и внесување многу течности! Физичката активност е добра за целиокупното здравје, па и за намалување на тегобите со хемороиди. Потоа поткревањето на нозете на ниско столче додека вршите нужда може да биде од помош, тоа ја менува позицијата на ректумот на начин кој овозможува полесно празнење. Подеднакво важно и паралелно со сите предходно наведени активности е внесувањето на природни суплементи како  Хеморо Форте капсулите и гелот од Натура Терапи.

Станува збор за нов револуционерен дуален систем за природен третман на хемороидите;

➡️Хеморо Форте капсулите 💊го зајакнуваат ѕидот на вените, го спречуваат нивното отекување и прскање, со што помагаат да се спречи воспалувањето и повторната појава на хемороидите.

➡️Хеморо Форте гелот 🧴помага да се смират несаканите тегоби и овозможува брзо зацелување на хемороидите.

Станува збор за единствен 100% природен комплетен систем за внатрешно и надворешно дејство.

Translate »