Падна Чернобил! Русите ја заземаа нуклеарката, советник на Зеленски: „Изгубивме контрола по жестоките борби“
Пристигнуваат се повеќе извештаи според кои руската војска ја заземала нуклеарната електрана во Чернобил, која се наоѓа во близина на границата со Белорусија.
Информацијата ја потврдил Михајло Подолјак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува “Index.hr”.
„По жестоките борби изгубивме контрола над Чернобил. Состојбата на нуклеарната електрана и складиштата за нуклеарен отпад не е позната“, навел тој.
Украинскиот уредник и новинар Метју Купфер на Твитер ја пренел неговата изјава.
Белоруска новинарка: Ја заземаа електраната и земаа работници за заложници
Хана Љубакова, новинарка од Белорусија, на Твитер објавила дека руските сили ја заземале нуклеарната електрана во Чернобил. Работниците во електраната се заробени, пишува Љубакова.
Истата информација ја објавил и Христо Грозев, наградуван истражувачки новинар и извршен директор во “Belingcat”, истражувачка веб страна.https://platform.twitter.com/embed/Tweet.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-1&features=eyJ0ZndfZXhwZXJpbWVudHNfY29va2llX2V4cGlyYXRpb24iOnsiYnVja2V0IjoxMjA5NjAwLCJ2ZXJzaW9uIjpudWxsfSwidGZ3X2hvcml6b25fdHdlZXRfZW1iZWRfOTU1NSI6eyJidWNrZXQiOiJodGUiLCJ2ZXJzaW9uIjpudWxsfSwidGZ3X3NwYWNlX2NhcmQiOnsiYnVja2V0Ijoib2ZmIiwidmVyc2lvbiI6bnVsbH19&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1496893286522437635&lang=en&origin=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F402757%2Fpadna-cernobil-rusite-ja-zazemaa-nuklearkata-sovetnik-na-zelenski-izgubivme-kontrola-po-zestokite-borbi&sessionId=8855deea7bef83184debcf1edd0508f226d62976&theme=light&widgetsVersion=2582c61%3A1645036219416&width=550px
Украинскиот претседател порано објавил дека руските сили го напаѓаат подрачјето на Чернобил.
„Руските окупациски сили се обидуваат да ја освојат нуклеарната електрана во Чернобил. Нашите војници ги даваат своите животи за трагедијата од 1986-та година да не се повтори. Му го пријавив ова и на шведскиот премиер. Ова е објава на војна на цела Европа“, напишал Зеленски на Твитер.https://platform.twitter.com/embed/Tweet.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-2&features=eyJ0ZndfZXhwZXJpbWVudHNfY29va2llX2V4cGlyYXRpb24iOnsiYnVja2V0IjoxMjA5NjAwLCJ2ZXJzaW9uIjpudWxsfSwidGZ3X2hvcml6b25fdHdlZXRfZW1iZWRfOTU1NSI6eyJidWNrZXQiOiJodGUiLCJ2ZXJzaW9uIjpudWxsfSwidGZ3X3NwYWNlX2NhcmQiOnsiYnVja2V0Ijoib2ZmIiwidmVyc2lvbiI6bnVsbH19&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1496894060224823298&lang=en&origin=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F402757%2Fpadna-cernobil-rusite-ja-zazemaa-nuklearkata-sovetnik-na-zelenski-izgubivme-kontrola-po-zestokite-borbi&sessionId=8855deea7bef83184debcf1edd0508f226d62976&theme=light&widgetsVersion=2582c61%3A1645036219416&width=550px
Во текот на ноќта, кризата во Украина ескалирала. Рано утрово претседателот на Русија Владимир Путин објавил почеток на “специјална воена операција”, а потоа почнале да пристигнуваат извештаи за гранатирања ширум Украина.
Извештаите исто така велат дека Русите се на само 15 километри од Киев, додека НАТО разместува дополнителни сили на истокот и има 100 авиони во приправност. Кремљ денеска објавил дека воената операција против Украина ќе трае колку што ќе биде потребно.