Првите бегалци од Украина пристигнаа во Полска

Поради утринските напад врз Украина, првите бегалци веќе пристигнаа во Полска, јавуваат странските медиуми.

Американски пар со багаж во рацете пристигна во Полска за да ги избегне воените конфликти.

Ја преминале границата за да избегаат од војната во Украина, пренесува Ројтерс.

Потсетуваме, руските сили истрелаа проектили врз неколку градови во Украина, објавија украинските власти и медиуми, откако претседателот Владимир Путин ја одобри, како што ја нарече, специјалната воена операција на истокот.

Претходно, Европа најави дека се подготвува за мигрантски бран доколку ескалира ситуацијата во Украина. Романија веќе е подготвена да прими половина милион бегалци.

Германија подготвува хуманитарна помош за Полска и Романија, а може е и самата да прима бегалци. Унгарија која целиот изминат период има црвст став околу миграцијата испраќа војска на границата со Украина.

Foto: BRYAN WOOLSTON

Translate »