Фросина Ременски: Време е за полициски час, додека не е доцна!
Пратеничката Фросина Ременски, која е стручно лице од областа на безбедноста, смета дека е време да се воведе полициски час во Македонија.
– Сметам дека е време да се воведе мерка за времено осумчасовно ограничување на правото на движење на граѓаните во вечерните часови или попознат како полициски час. Можеби е време да се размислува за ова ограничување. Овие бројки загрижуваат со оглед на фактот дека пикот не е достигнат. Критичната точка на нашите капацитети за справување со заболени е помината и треба да се вклучи алармот за сите, најмногу за граѓаните кои се однесуваат многу слободно во оваа животозагрозувачка состојба – вели Ременски.
Таа додава дека максималната грижа за медицинскиот персонал, полициските службеници и војниците кои се на прв удар на сите задолженија во ваква состојба е неопходна.