Пристигнува нов коронавирус: Драматично предупредување на научничката која го откри Ковид-19
Кинеската научничка Си Џенгли од Институтот за вирологија во Вухан, предупреди дека во области на југот и југоистокот на Кина, популацијата на лилјаци носат други видови на коронавирус кои уште сега можат да им бидат пренесени на луѓето.
Таа оцени дека постои можност тие опасни коронавируси веќе да циркулираат и надвор од границите на Кина, пренесува британски „Гардијан“.
„Мораме да ги побараме тие вируси и во другите азиски земји, а не само во Кина“, порача Си која во Кина е позната по прекарот „Бетвоман“ затоа што се занимава со изучување на коронавирусите кои ги пренесуваат лилјаците.