Пендаровски: Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда
Во рамки на острата вербална нота од страна на Бугарската амбасада во земјава и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во врска со палењето на бугарското знаме за време на вевчанскиот карневал, се огласи и македонскиот претседател, Стево Пендаровски.
Тој на својот фејсбук профил по реакцијата напиша:
Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување.