Наместо да отпушта, започнал да вработува: „Ја препородил компанијата со ставот дека не е крив работникот, туку лидерот“
Многу весели пораки кои се појавуваат на паметните телефони на корисниците, кажувајќи им дека испораката на храната е на пат или дека автомобилот на Убер кои го резервирале е пред врата – ги пружа технолошката компанија Twilio.
Од кога Џеф Лосон ја основал оваа компанија во 2008 година, таа пораснала до тоа ниво да пружа услуги на 240,000 компании ширум светот и моментално има годишна продажба поголема од 2,5 милијарди долари.
Нејзните најголеми клиенти, како што и претпоставувате, се Deliveroo и Uber.
Меѓутоа, компанијата доживеала значаен застој во 2017 година, кога Убер најавил дека ќе ја намали својата потрошувачка на Twilio. Лосон вели дека таа деловна епизода го научила на многу работи, пред се научил лекции кои му значат како извршен директор. Ова, како што пишува BBC, влијаело на тоа како Лосно во иднина ќе ги решава проблемите на својата компанија.
„Тоа беше значаен фактор за инвеститорите. Нашите акции доживеаа голем удар – мислам дека паднаа за 40 % за еден ден“, вели Лосон, наведувајќи дека тогаш бил во искушение да ги обвини вработените чија работа била да го убеди Убер да продоли со користењето на услугите на компанијата.
Наместо тоа, започнал со процес кој се нарекува „беспрекорна обдукција“, за да види дали се криви системите на компанијата, а не поединци.
„Откривме дека проблемот беше во тоа што имавме недоволно работници“, рекол основачот на платформата Twilio и исткнал дека Убер доживеал брз раст, а продавачот немал доволно време адекватно да се грижи за клиентот. „Да имавме поголем продажен тим, тие многу почесто би разговарале со Убер и би ги сфатиле нивните проблеми во врска со нашата услуга“, вели Џеф Лосон.
Наместо да отпушта, Лосон започнал да вработува, за да ниеден вработен не биде оптоварен. Од таа неуспешна епизода, Twilio пораснал пет пати повеќе и вработува 5,500 луѓе ширум светот.
„Секој вработен греши. Тоа е неизбежно. Како лидери, мораме да изградиме системи во кои грешките не се катастрофални. Ако сте создале систем во кој едно лице може да ја уништи целата компанија, тогаш вие, како лидер, сте виновни“, посочил тој.
Извор: Biznis Telegraf