Научниците на НАСА пронајдоа што е причината за топењето на мразот

Научниците на НАСА велат дека можеби го пронашле изворот за чудното греење – подигање на екстремно врелите карпи кои лежат длабоко под Земјината површина и поради кои површината на мразот се растопува, при што доаѓа до река други пореметувања на Антарктикот.

Пред околу 30 години, научник од Универзитетот во Колардо соопштил дека можеби постои нешто повеќе од топлите карпи во јадрото на Земјата, и тоа во регион познат како Земја Мери Берд. Оваа претпоставка помогнала да се објаснат некои чудни појави во мразот, како што се вулкански активности.

Во некои делови од светот, топлите карпи се издигнуваат од покривката на Земјата и потоа се шират под кората, поради што земјата се крева. Ваквите појави се карактеристични за Хаваите и Јелоустоун, кои имаат силна геотермална активност, и покрај тоа што се далеку од рабовите на тектонските плочи.

Translate »