Од денес Давос е во центарот на вниманието: Светската елита се собира во швајцарскиот град, а овие 10 работи сигурно не сте ги знаеле за Светскиот економски форум
Речиси 50 години секој јануари светските лидери, шефовите на најголемите светски компании и познатите личности се собираат во малиот швајцарски град Давос каде се одржува Светскиот економски форум.
Ова
е собир на најмоќните луѓе на светот, кои кога ќе се соберат донесуваат
одлуки кои ќе влијаат на животите на сите држави. Форумот започнува на
22 јануари и ќе трае до петок 25 јануари, а се проценува дека ќе се
соберат околу 3.000 учесници.
1. Всушност не се вика Давос
Иако сите го викаат Давос, овој јануарски состанок всушност е Светски економски форум (WEF). Давос е само името на планинското швајцарско одмаралиште каде ќе се одржува самитот.
2. Тоа не е само конференција
Светскиот економски форум е непрофитна група со амбициозна мисија да ја подобри состојбата во светот. Годишниот собир на светските лидери од бројните области не е само конференција. Тука постојат и бескрајни говори и предавања за било која тема, од глобална економија до тоа како да се реши проблемот.
3. Состаноците можат да доведат до акција
Основачот на форумот е Клаус Шваб. Оваа манифестација се одржува од 1971 година, а замислена е како место каде ќе се разговара за праксите со глобалното управување. Сега WEF има широка дејност, но критичарите тврдат дека тоа е место каде многу се зборува. Но, изолираното опкружување во Давос им нуди на политичарите можност да се сретнат далеку од очите на јавноста.
4. Само компаниите плаќаат за да присуствуваат
Единствените учесници на Давос кои плаќаат за своето присуство се компаниите, додека останатите имаат бесплатна покана. Цената за компаниите изнесува 23.800 евра по личност. Но, тоа не е сè.
Оние кои доаѓаат на форумот мора да бидат членови на Светскиот економски форум. Постојат неколку нивоа на членство, почнувајќи од 60.000 швајцарски франки до неверојатни 600.000 франки за да имате статус на “стратешки партнер”.
Тоа е скапа работа и само најголемите претставници имаат пристап до приватните состаноци со своите колеги од индустријата.
5. Конференциските акредитации се означени со бои
Подобрувањето на нееднаквоста секогаш била важна точка на разговор во Давос, но WEF има сопствен нееднаков систем кој е означен со различни бои. Можеби ќе бидете на истото место како британскиот принц Вилијам или премиерката на Нов Зеланд, но малку е веројатно дека ќе налетате на нив во тоалет.
6. Има многу мажи
Откако започна да се одржува овој форум, поголемиот дел од учесниците се мажи, додека жените се помалку бројни. Многумина оваа средба почнале да ја опишуваат како “Давос мажи”.
Оваа година во Давос 22 % ќе бидат жени, што не е одлично, но процентот се удвоил од 2001 година.
7. Нема млада публика
На средбата во Давос не присуствува млада публика, туку просечната возраст за мажи е 54 години, додека за жени 49.
Сепак, постојат исклучоци. На само 16 години, јужноафриканскиот фотограф Скај Меакер е најмладиот учесник, додека најстариот е Дејвид Атенбер (92).
8. WEF има и свој јазик
Сложениот корпоративен жаргон е знак на оваа конференција. Она што учесниците го кажуваат може да биде многу мистично дури и за искусните набљудувачи на WEF.
9. Тоа е како летање, само без вистинско летање
Овогодинешните учесници се премиерот на Јапонија и Нов Зеланд, како и принцот Вилијам и германската канцеларка Ангела Меркел. Со оглед кој сè доаѓа на форумот, безбедноста е на високо ниво. Снајперистите се распоредени на секој чекор.
10. Сите сакаат бесплатна капа
Иако овде се собираат најмоќните луѓе на планетата, кои имаат милиони долари сите до еден сакаат бесплатна сина капа. Секоја година се изработуваат сини плетени капи за учесниците, па тоа стана заштитен знак на форумот во Давос.