10 Најпознати уметнички дела

Во галериите и музеите ширум светот се изложуваат вредни уметнички дела, но само ретки примероци од нив се толку популарни што за нив се имаат пишувано книги, сниманo филмови, раскажувано легенди. Во оваа пригода ве потсетуваме на нив.

„Mona Lisa – Leonardo da Vinci: Најпознатата слика на светот воедно е и главна атракција на музеот „Louvre” во Париз, каде што ја посетуваат дури 6 милиони посетители годишно. Леонардо да Винчи ова уметничко дело го сликал од 1503 до 1505 година. Насликана е со техника масло на дрвена плоча.

„The Last Supper – Leonardo da Vinci: „Последната вечера”, оваа фреска не е изложена во музејската галерија, туку на ѕидот на црквата „Santa Maria delle Grazie” во Милано, Италија. Се смета за ремек-дело. Насликана е на крајот на 15 век и ја отсликува сцената од Тајната вечера на Исус со апостолите.

 

„The Creation of Adam – Michelangelo”: „Создавањето на Адам” се наоѓа на таванот од Сикстинската капела во Ватикан во Рим. Микеланџело го ова дело го насликал помеѓу 1508 и 1512 и претставува еден од Сцените од книгата Битие.

 

„The Starry Night – Vincent van Gogh: Сликата „Sвездена ноќ” на познатиот холандски сликар е насликана во 1889 година, и моментално се наоѓа во Музејот на современа уметност во Њујорк. Сликата беше инспирација за песната „Винсент” на познатиот пејач и композитор „Don McLean”.

 

„The Scream – Edvaerd Munch”: „Крик” е насликана во 1893 година, насликана е со масло и пастел на картон. Се наоѓа во Националната галерија во Осло, Норвешка.

 

„The Persistence of Memory – Salvador Dali”: На шпански јазик „La persistencia de la memoria”. Ова дело е насликано во 1931 година и е едено од најпрепознатливите во светот, бидејќи ги буди размислувањата за изминувањето на времето, за начинот на кој живееме, начинот на поминување на времето. Постојат мислења дека Ајнштајновата теорија на релативноста била инспирација на Дали.

 

Girl with a Pearl Earring – Johannes Vermeer: Многумина оваа слика ја нарекуваат холандски Мона Лиза или Мона Лиза од северот. Сликата била завршена околу 1665 година и била изложена во Кралската галерија „Mauritshuis” во Хаг, Холандија.

 

„The Night Watch – Rembrandt van Rijn”: Сликата е завршена во 1642 година и денес е изложена во Музејот на „Rijksmuseum” во Амстердам. На сликата е прикажанa амстердамската гардиска стража од мускетари и нивниот водич капетанот Франс Бакинг Кок. Иако го носи името ноќна стража, тоа не и е оригинално, туку додаден назив, но останува до денес, иако на сликата не ноќ туку ден.

 

„Self-portrait without beard – Vincent van Gogh”: Иако Ван Гог насликал голем број автопортрети, ова е далеку од најпознатиот, бидејќи тој не е само неговиот последен автопортрет, туку едeн од ретките што гo покажа без брада. Сликата ја подарил на мајка му како роденденски подарок. Денес таа е една од најскапите слики на сите времиња, продадена за 71,5 милиони долари во 1998 година, и сега е дел од приватна колекција.

 

„Guernica – Pablo Picasso”: Најпознатата слика на Пикасo, завршена во 1937 година, била инспирирана од бомбардирањето на Герника (Guernica) за време на Граѓанската војна во Шпанија. Денес таа е постојано изложена во Музејот на кралицата Софија во Мадрид.

Translate »