Александар Димитриевски: Афионовото масло е волшебен производ со бројни здравствени придобивки
Александар Димитриевски е сопственик на семејната компанија „Био оил“, кој заедно со својот партнер Роберт Коцев, минатата година го произведе првото и засега единствено афионово масло кај нас, кое за разлика од минатото кога било и храна и лек, сега, заради цената, се користи најмногу како лек. Афионовото масло е волшебен лек кој носи бројни здравствени придобивки. Има силно антиканцерогено дејство, го штити мозокот, го зголемува нивото на енергија, придонесува за здрави коски, помага во регулирањето на крвниот притисок и здравјето на срцето, против несоница и могу повеќе.
Компанијата, во производството користи специфична технологија со која се задржуваат сите корисни состојки, што го прави овој нов продукт единствен на нашиот пазар. Суровината која се користи за производство на маслото „Био оил“ доаѓа од сертифицирани семенски култури кои немаат ГМО и е од домашни производители. Пакувањето е направено од темно стакло со УВ заштита, со што маслото ги задржува својствата недопрени долг период. Екструдирано ладно цедено масло од бел афион е вистински хит, производ кој секое семејство треба да го има во својата исхрана. Токму поради придобивките од овој производ, а со цел едукација на луѓето, разговараме со г. Александар со идеја овој производ да го доближиме до публиката.
1. Какви се бенефити обезбедува афионовото масло?
Маслото од афион е богато со омега 6 и омега 9 незаситени масни киселини. Богато е со фосфор, магнезиум, калиум и железо. Помага при лекување на тромбоза и емболија, антиканцерогено дејство, го нормализира нивото на холестерол во крвта, ја зголемува моќта на концентрација, ги зајакнува нервите, ја смирува болката и ги релаксира мускулите. Го забавува стареењето на организмот. Помага во развојот и заштитата на коските, тоа е природен еликсир за остеопороза. Го нормализира нивото на холестерол во крвта. Го зајакнува одбранбениот механизам на телото.
2. Зошто треба да ја вратиме навиката на почеста употреба на афионово масло?
Афионовото масло, содржи висок процент на маснотии, но здрави незаситени маснотии, потоа содржи висок процент на протеини и помалку јаглехидрати. Исто така, микронутритивната вредност е особено богата. Погонот на БИО ОИЛ е лоциран во индустриска зона, во општина Чучер Сандево, во месноста викана Бел Камен. Се работи за модерна фабрика со високи стандарди за производство на храна со сертификат за ХАСАП стандард.
3. Како се добива афионовото масло?
Маслото го правиме со машина која работи на принцип на ладна екструдација на маслодајните култури. Се работи за современа машина од германско потекло, која е една од ретките што работи на споменатиот принцип на екструдација. Температурата на маслото во процесот на екструдацијата не се зголемува повеќе од 40˚С. На тој начин се задржуваат сите корисни состојки на афионовото семе кои итекако се корисни за човековото здравје. После екструдацијата со метод на природно гравитационо таложење се добива готов производ подготвен за консумација. Интересно е да напоменам дека од обезмастеното семе во процесот на екструдацијата направивме уште еден производ – намаз од афион. Направивме ексклузивен рецепт во комбинација со лути пиперчиња, нане и нашето ладно цедено сончогледово масло кое има улога на природен конзерванс без никакви хемиски состојки. За кратко време овој производ ги придоби симпатиите на нашите потрошувачи и стана многу популарен меѓу сладокусците и љубителите на здрава храна кој исто така има многу бенефити по човековото здравје.
4. Каде може да се најде овој производ, и кои се вашите планови за во иднина?
Aфионовото масло го имаме во продавниците за здрава храна, а исто може и ние да го доставиме до бараната адреса на барање на нашите консументи, преку нашата ФБ-страница „Био Оил Вкусот на Сонцето“. Нормално настојуваме да ја шириме продажната мрежа и пред се бараме начин да го пласираме маслото во аптеките, зашто пред се таму и му е местото. Засега немаме голем капацитет за прозводство на ова масло. Афионовото масло како ексклузивен производ е наменет за сите луѓе кои водат сметка за своето здравје. Бидејќи маслото има голема листа на здравстени придобивки најдобро е да се користи како превентива од серија заболувања на човечкиот организам а покрај тоа и како лек за истите болести. Научните истражувања покажале широк дијапазон на бенефитите од користење на афионовото масло.
5. Од каде го набавувате афионот? И какви се сертификати за квалитет поседувате?
Афионовото семе го набавивме од реонот на Радовиш. Ова подрачје има голема традиција со афионот така што векови наназад овде се одгледувало ова семе. Впрочем и првото масло на нашите простори се добивало од афионовото семе кое било познато како шарлаган (турски збор што значел „чисто масло“). Истото се добивало на примитивен начин на дробење на семето со камења, што е многу сличен процес кој го користиме ние, ама на современ начин. Инаку ова масло е атракција во светски рамки најмногу заради бројните анализи кои покажуваат дека афионот од нашето поднебје е најквалитетен на светско ниво. Ние си ветивме дека нема да ја расипеме оваа приказна.
6. Помага и во регулирањето на крвниот притисок и здравјето на срцето!
Олеинската киселина, присутна во афионовото семе преку одредени механизми може да придонесе за намалување на високиот крвен притисок. Знаеме дека тој е прв ризик фактор за повеќето кардиоваскуларни заболувања. Афиновото масло содржи омега 6, но и омега 3 масни киселини. И двете придонесуваат за здраво срце. Омега 3 масните киселини се есенцијални за телото, односно тоа не може да ги произведе, па мораме да ги внесуваме со исхраната. Тие го намалуваат нивото на ,,лошиот” LDL холестерол во крвта и на тој начин го намалуваат ризикот од артеросклероза. https://www.facebook.com/biooilMK