Српските инспектори тврдат доматите се супер, декларацијата е погрешна! Но, сега се отвора друго прашање!
21 тон домати кои се увезени во Србија од Турција, не се отровни иако на декларацијата пишува дека кората не е за човечка исхрана. Од српската Фитосанитарна инспекција тврдат дека доматот е исправен и безбеден за јадење и дека ги поминал сите проверки согласно законите . Инспекторите велат дека е направен пропуст во декларацијата .
” Главна дејност на увозникот се агрумите. По грешка на декларацијата останал делот кој се однесува на лимоните дека кората не е за човечка консумација”, објаснуваат фитосанитарците.
Ваквото тврдење на инспекцијата отвори ново прашање, дали е отровен лимонот кој се увезува од Турција?! Оттаму за Блиц изјавија дека лимонот кој се увезува исто така се анализира и доколку се покаже дека кората или внатрешноста се отровни, се уништува пред да дојде до пазарите.
Доматот бил увезен на 27 март од Турција.
Во Македонија не се увезени небезбедни домати од Турција , велат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).