Церемонија за отворање на летната сезона во Будва
Плоштадот пред Стариот град Будва на 3 и 4 јуни ќе блесне со гламур и убавина, а сите оние кои ќе одлучат овој викенд да го поминат во Будва ги очекува спектакл на каков што одамна не присуствувале. Нов настан во календарот за манифестациии на Туристичката организација на Општина Будва – свечената „Церемонија за отворање на сезоната“ за 2022 година!
За музичкото уживање во текот на овие две вечери ќе бидат задолжени врвни регионални и европски уметници: Tom Odell, маестро Бојан Судиќ со фестивалскиот оркестар „Виртуози“ и солистите: Софија Петровиќ, Маја Богдановиќ, Дејан Јовановиќ и Ремус Алазаро, како и Невена Божовиќ, Мина Крајиновиќ, Sky Cellos, Tomisha Monae Кузмиќ, оперската пејачка Марија Нешиќ, DJ Roger Sanchez, оперскиот рок пејач Матија Заната и многу други, а гостите ќе имаат можност, по своја желба, да уживаат во сјајната сценско-музичка програма во спој со врвната гастрономија.
Туристичката организација на Општина Будва по прв пат ја организира свечената „Церемонија за отворање на сезоната“ во соработка со Општина Будва и корпорацијата Skymusic, со цел да привлече го привлече вниманието на јавноста, да го зголеми туристичкиот сообраќај на будванската ривиера и во периодот на претсезоната да направи случување со силен промотивен ефект, кое ќе стане едно од најатрактивните во календарот за манифестации на Будва, но и на цела Црна Гора.
Будва со години ја препознаваме како престолнина на уживањето и ноќниот живот, а престижната програма оваа година сигурно само ќе придонесе за тоа да остане во самиот врв на најпосакувани дестинации за летување.
Бидете дел од еден неповторлив настан „Церемонија за отворање на сезоната“ – Будва, лето 2022!